Денес во Полска започна голема полициска операција за да се обезбеди сигурноста на учениците, по три напади со нож во училиштата во рок од само четири дена. Премиерот Доналд Туск предупреди на растечкиот проблем со насилството меѓу младите и најави одлучен одговор од страна на ...
Полската полиција уапсила маж осомничен дека се заканувал и планирал напад врз премиерот Доналд Туск и вицепремиерот и министер за одбрана Владислав Косинјак-Камиш, соопшти министерот за внатрешни работи и администрација Марчин Кервински.
Полското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е закажан итен состанок во Антитерористичкиот центар при Агенцијата за внатрешна безбедност, откако полицијата добила информации за можни обиди за атентат врз премиерот и врз министерот за одбрана.