Нејзината наследничка е нејзиниот мотив за среќа, по сите животни бури и трагедии. Ана минатата година ги изгуби колегите од ДНК, а во 2022-ра го изгуби сопругот. Но, вели пресреќна е што имала привилегија да има 15 години живот полн љубов со него.
По сите тажни случувања кои ги преживеа изминативе години, пејачката и професорка по пеење Ана Костадиновска се пофали со убава вест. Таа сподели фотографии од својата ќерка Марта, која вчера слави полуматура.
Пејачката и професорка по пеење Ана Костадиновска сподели фотографии од нејзината ќерка Марта, која деновиве славеше полуматура. Во опис на фотографиите на кои е покрај преубавата Марта, гордата мајка напиша: „Нашата медена полуматурантка“.