Скапата сурова нафта и високите цени на горивата им носат огромни профити на меѓународните нафтени концерни. Така, британскиот БП ја удвои својата нето-добивка. Тоа ги радува инвеститорите, додека возачите страдаат.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика „Шеврон“ и другите големи нафтени компании веднаш да ги намалат малопродажните цени на горивата, оценувајќи дека дел од нивната добивка треба да заврши кај потрошувачите.
Американскиот претседател изјави дека компаниите оствариле огромен профит благодарение на потезите на неговата администрација, додека зголемувањето на цените станува поголем политички проблем за републиканците.