Според официјалните податоци на српските власти, до 9 јули вирусот е потврден на 496 одгледувалишта во 18 општини и осум управни окрузи, при што над илјада свињи пцовисале, а близу 11 илјади биле евтаназирани како дел од мерките за искоренување на болеста.
АХВ апелира граѓаните да не внесуваат месо и сувомесни производи од земјите каде што е присутна африканската свинска чума, додека одгледувачите и ловџиите се повикани строго да ги почитуваат биосигурносните мерки и веднаш да ги пријават сомнителните случаи.
Српските власти воведоа итни мерки за справување со африканската свинска треска, откако заразата се прошири во повеќе делови од земјата. На состанок на државниот врв била разгледана актуелната состојба и биле договорени дополнителни активности за спречување на натамошното ширење ...