За лозарите, секоја берба почнува многу пред првиот грозд да биде набран. Најважната пресметка е колку ќе вреди вложениот труд, механизацијата, заштитата и целата година помината во лозјата. За годинашната сезона, откупните цени за двете најзастапени вински сорти се веќе познати.
Опозицијата смета дека цените се далеку од исплатливи за лозарите, во услови кога нафтата, вештачките ѓубрива, заштитните средства и работната рака се значително поскапени БИТОЛА – Лозарите денеска ги добија откупните цени на грозјето: 21,8 денари за килограм Вранец и 20 денари ...
Откупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.