Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службената положба, со кои повеќе граѓани биле оштетени за вкупно 12.221.500 денари.
Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници заработија кривични пријави поради сомнение дека преку злоупотреба на лични податоци и незаконско подигнување кредити оштетиле повеќе граѓани за вкупно 12.221.500 денари.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово поднело кривична пријава против А.С.Д. (23) и М.В. (35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични ...