Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници се соочуваат со кривични пријави поради сомнение за измама, злоупотреба на лични податоци и злоупотреба на службената положба, со кои повеќе граѓани биле оштетени за вкупно 12.221.500 денари.
Две жени од Куманово и петмина банкарски службеници заработија кривични пријави поради сомнение дека преку злоупотреба на лични податоци и незаконско подигнување кредити оштетиле повеќе граѓани за вкупно 12.221.500 денари.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.С.Д.(23) и М.В.(35), двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.