Бродот во понеделникот исплови од романскиот град Дробета-Турну Северин кон Видин, но поради нискиот водостој на Дунав се насука. Бугарската гранична полиција вчера евакуираше 186 патници од крузерот „Викинг Улур“, кој се насука кај романското место Салциа поради нискиот ...
Информациите за евакуацијата ги објави бугарското Министерство за внатрешни работи, како што јави агенцијата АФП. Бродот требало да се закотви во пристаништето Видин за снабдување, а на бродот почнало да му снемува вода за пиење.
Околу 02:20 часот ноќеска, патничкиот брод „Викинг Улур“, кој пловел низводно под швајцарско знаме, во намалена видливост во ноќта и поради ниското ниво на реката Дунав, се насукал на околу 25 км после градот Видин.