Нашите предци се изборија да имаме своја држава. Наша историска задача е да се избориме нивната жртва да има смисла, Македонија – слободна, праведна, демократска и европска држава, во која младите ќе ја градат својата иднинa, вели Филипче Со положување цвеќе пред споменикот ...
Мицкоски зборува за исправена глава и несвиткана кичма. Пред Бугарија. За Европа. За достоинство. На 11 Октомври, велат од опозициската СДСМ. „На денот на Народното востание. На празникот на оние што се бореа против окупаторот и против Ванчо Михајлов. А собрал едвај сто луѓе.
„Патриотизам е како се живее денес и што им се остава на децата утре. Да не мораат да земаат бугарски пасоши. Да не мораат да глумат патриоти заради личен интерес, туку вистински да ја сакаат и да ја почитуваат својата татковина. Лажниот патриотизам не смее да биде пат кон власт.
Европската иднина на Македонија мора да биде конкретна национална цел околу која ќе се обединат сите сили во општеството, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
Со песната „Во борба, во борба, во борба, македонски народе“, македонски знамиња и транспарентот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“, учесниците на маршот на СДСМ денеска во Прилеп го одбележаа 11 Октомври – Денот на народното востание.