Покрај новите мобилни телефони, компанијата Xiaomi во текот на медиумскиот настан најави уште некои нови уреди. Претставени се и Mi Band 3 фитнес нараквицата, самостојната Mi VR кацига, како и 75-инчниот Mi TV 4.
На настан во Шенџен кој се одржа денес, познатиот и еден од најголемите светски производители на смартфони од Кина, Xiaomi, го претстави нивниот јубилеен паметен телефон од највисоката класа, Mi 8.
Xiaomi Mi 8 е официјално претставен, а потврдени се поголем дел од информациите и гласините кои се појавуваа претходните недели и месеци. Телефонот со кој компанијата Xiaomi го обележува својот осми роденден пристигнува со чипсетот Qualcomm ...