Целосна посветеност на домашните задачи и навремена реализација на Реформската агенда побарана од Брисел беа во фокусот на утринскиот работен состанок меѓу владиниот тим и претставниците на Европската комисија, предводени од директорот за проширување Герт Јан Копман.
Сѐ ќе направиме што зависи од нас поврзано со реформите, а Брисел и Европската комисија нека судат дали заслужуваме да бидеме дел од Европската Унија на база на испорака во реформите, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на ...
Премиерот Христијан Мицкоски утринава имал онлајн работен состанок со директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман посветен на Реформската агенда.
Интензивни разговори за динамиката на европската интеграција и спроведувањето на клучните реформи беа во фокусот на денешниот работен состанок, каде преку специјално онлајн вклучување учествуваше и високиот европски претставник Герт Јан Копман.