Околу 4 милиони патници се очекува да поминат низ двата македонски аеродроми до крајот на годинава, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
Авиосообраќајот во Македонија бележи значителен раст, а според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, резултатите се должат на политиката на субвенционирање на авиолиниите, која е креирана во 2024, а почна да се применува во 2025 година.
Успехот што го постигнуваме во развој на авиосообраќајот е резултат на паметната политика на субвенционирање што ја создадовме 2024 година и почнавме да ја спроведуваме во 2025 година и веќе ги даде резултатите. Секој месец рушиме рекорди.
Унгарската нискобуџетна компанија „ Визер“ превезла најголем дел од патниците на македонските аеродроми во првите девет месеци од годинава, со удел од 63,8% на Скопскиот и дури 70% на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.
Импресивниот двоцифрен пораст на патничкиот авиосообраќај на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, кој започна во 2025 година, продолж и и во првите 9 месеци од 2026 година Меѓународниот Aеродром Скопје и Aеродромот Св.
+инфо - Агротим - Иновативност - Проверено