Апсењата се случија откако унгарскиот парламент им го укина имунитетот на Ханко и Шештак во понеделникот Двајца министри од поранешната десничарска влада на Виктор Орбан се приведени под сомнение за злоупотреба на милиони евра јавни пари и примање мито.
Унгарскиот премиер Петер Маѓар оцени дека апсењето на поранешниот министер за култура и иновации Балаж Ханко претставува пресвртница и покажува дека еднаквоста пред законот конечно може да се спроведе во Унгарија. „Вчера беше важен ден.
Унгарскиот парламент денеска едногласно, со 139 гласа „за“ и без ниту еден глас против или воздржан, му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар, со што е отстранета правната пречка за продолжување на истрагата за инцидентот од 2024 година, соопшти унгарскиот медиум „Телекс“.
Унгарското обвинителство минатата недела побара укинување на неговиот имунитет за да може премиерот да биде сослушан во својство на осомничен за инцидент од 21 јуни 2024 година, кога Маѓар, тогаш европратеник, при конфликт со маж кој го снимал му го одзел мобилниот телефон и го ...