Полициските службеници во изминатите три дена регистрирале 1.621 сообраќаен прекршок на патиштата низ државата, а 43 лица биле лишени од слобода поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1621 издадени платни налози, 456 прекршоци се однесуваат на ...
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли низ целата држава, а последните податоци покажуваат голем број прекршоци кај мотоциклистите и останатите возачи на возила на две и три тркала.
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“, информираат од МВР. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници.
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети.