Повеќе од 200 лица беа уапсени за време на вториот ден од нередите во Милано – од кои голем број се малолетници – што ја натера италијанската премиерка Џорџа Мелони да свика состанок на владата за утре, со цел да се најде начин за справување со ситуацијата.
Италијанската полиција идентификуваше 197 лица поради насилството на протестите против високите цени, кои во саботата прераснаа во насилни судири во неколку градови, а 28 од нив беа уапсени, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Протестите против војните и зголемените трошоци за живот во Милано започнале мирно, но подоцна прераснале во насилни судири со полицијата, ограбување продавници и уништување имот во центарот на градот. Поради немирите, плоштадот Дуомо и луксузната трговска галерија, кои ...
Италијанската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Милано, откако била нападната со камења и други предмети за време на судирите на плоштадот пред познатата готска катедрала во центарот на градот, објавија италијанските медиуми.