Македонските репрезентативци во одлично расположение го очекуваат собирот на националниот тим за претстојните натпревари во Лигата на нации . Неколкумина од фудбалерите на кои смета селекторот Гоце Седлоски денеска се запишаа во листата на стрелците за своите клубови.
Себастијан Херера и Агон Елези се двајца играчи кои се најдоа на списокот на македонскиот селектор Гоце Седлоски за престојните предизвици во Лигата на нации, натпревари со Швајцарија, Шкотска и Словенија кои двајцата фудбалери ги дочекуваат во одлична форма.
Селекторот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски денеска може да биде задоволен. Имено дури тројца фудбалери кои се повикани од него за претстојните мечеви во Лигата на Нации, се запишаа во листата на стрелците.