TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

За три месеци долгот кон странство порасна за 742 милиони евра

Пари - пред: 2 часа

Македонија го заврши првиот квартал од годинава со значително повисок надворешен долг. За само три месеци обврските кон странство се зголемиле за 742 милиони евра, при што најголемиот дел од растот доаѓа од државното задолжување поврзано со новата еврообврзница.

НБРСМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Слободен Печат - пред: 2 часа

Надворешниот долг на Република Северна Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 ...

Народна банка: Надворешниот долг на Македонија порасна за 742 милиони евра во првиот квартал

Скопје1 - пред: 2 часа

Според најновото соопштение на Народната банка на Република Македонија, бруто надворешниот долг на земјава на крајот од првиот квартал на 2026 година достигнал 12,943 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра во однос на претходниот квартал.

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во првиот квартал од 2026 година

Бизнис Вести - пред: 2 часа

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на првиот квартал од 2026 година: На 31.3.2026 година, нето надворешниот долг изнесува 4.804 милиони евра (или ...

Надворешниот долг на Македонија зголемен за 218 милиони евра, изнесува 4.8 милијарди евра

еМагазин - пред: 3 часа

Податоците на Народната банка покажуваат дека на 31. март нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4.804 милиони евра (или 26,2% од проектираниот БДП), при што бележи квартално зголемување од 218 милиони евра (4,8%), како резултат на поизразениот раст на бруто-долгот во ...

НБРСМ: Бруто надворешниот долг достигна 12,94 милијарди евра во првиот квартал

Банкарство.мк - пред: 2 часа

Бруто надворешниот долг на Северна Македонија на крајот на првиот квартал од 2026 година изнесува 12,943 милијарди евра, што претставува 70,5 отсто од проектираниот БДП, соопшти Народната банка. Според податоците, во однос на претходниот квартал, бруто надворешниот долг е ...