Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата што се паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив лицето од пластична ќеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата.
еМагазин - Скопско Ехо - iNFOMAX - Проверено - 4NEWS - Независен
Непознато лице денеска запалило автомобили кај бугарската амбасада во центарот на Скопјe. Според првичните информации, напаѓачот го залил и запалил автомобил „Сузуки витара“, по што пожарот се проширил на втор автомобил паркиран во близина.
Две возила со дипломатски статус се опожарени пред бугарската амбасада во Скопје. Од Владата го осудија овој, како што велат, вандалски чин и испратија порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде максимално санкциониран ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.