Украинските сили извршиле голем ноќен напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург, при што биле погодени нафтен терминал, центар за податоци на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ и мост, објави „Киев индепендент“.
Војна во Украина – Ден 1.697. Масивните напади со беспилотни летала продолжуваат, а утрово беа извршени напади со беспилотни летала врз Санкт Петербург и Ленинградската област. Поради нападите наредена е итна евакуација.
Најмалку 371 лет бил откажан или одложен во текот на ноќта меѓу 16 и 17 октомври, откако сите четири московски аеродроми повторно беа привремено затворени поради напади со дронови, пренесува „Аеро Телеграф“. Ограничувањата ги опфатија аеродромите Внуково, Домодедово, Жуковски и ...