Читател на „Слободен печат“ ни испрати снимка од невремето кое попладнево направи пустош во Скопје, на која се гледа како дрво кое паѓа за милиметар промашува автомобил кој се движел по улица во населбата Стар Аеродром.
Големо невреме денеска имаше во Скопје и во Куманово. Има 15 повредени. Според најавите, ново невреме од Косово и Албанија се движи кон Македонија. фото Вангел Тануровски
Слободен Печат - Вечер Прес - 4NEWS - Либертас - Нова Македонија - Национално
Скопје се расчистува брзо, по силното невреме што го зафати попладнево, вели градоначалникот Орце Горѓиевски Булеварите се проодни, а паднатите дрвја и гранки интензивно се расчистуваат, објави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по силното невреме што попладнево ...
Прва Скопска - Нова Македонија - Скопско Ехо - iNFOMAX - Скопје1 - Макфакс
Вкупно 11 лица побарале медицинска помош по силното невреме кое неколку минути наликуваше на сцена по експлодирана касетна бомба со лимени парчиња на сите страни Превртени покриви, откинати делови и слични предмети летаа откако силен ветер оддеднаш го зафати Скопје иако ...
Страотното невреме со ветер кој дуваше со повеќе од 100 километри на час, кое попладнево го зафати Скопје, предизвика огромна материјална штета, а според првичните информации, осум луѓе се повредени и згрижени во болниците .
По силното невреме што денес го зафати Скопје и регионот, Општина Чаир одржа состанок на Кризниот штаб со цел да се процени состојбата на терен и да се координираат понатамошните активности. Надлежните екипи се ангажирани на терен и остануваат во целосна готовност да ...
АКТИВНОСТИТЕ НА ТЕРЕН ПРОДОЛЖУВААТ И ДОЦНА ВЕЧЕРВА! И во овие доцни вечерни часови, екипите на ЈКП Гази Баба не запираат и продолжуваат со расчистување и санирање на последиците од невремето. Првата фаза од интервенцијата е успешно завршена.
Силното невреме проследено со пороен дожд и оркански налети на ветер попладнево предизвика поплава и во објектот на Меѓународниот аеродром Скопје. На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како дождовницата навлегла во дел од терминалот и ги поплавила просториите низ ...
Се надеваме дека немаме повредени луѓе, засега информациите кажуваат дека повредени нема, барем засега. Во името на Општината направивме неколку тимови, ги имаме критичните места, ќе дејствуваме секаде, вели градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски Силното невреме кое зафати ...
Општина Центар информира дека сите расположливи служби се максимално мобилизирани и интензивно работат на расчистување и санирање на последиците од силното невреме што го зафати градот. “Веднаш е свикан кризниот штаб, по што уследија теренските активности.
Силно невреме проследено со интензивен дожд, ветер и ситен град попладнево предизвика штети на повеќе локации во Куманово, при што се урнати дрвја и делови од лимени конструкции, а надлежните служби интервенираат на терен.
По силното невреме со обилни врнежи од дожд и ветер што го зафати Делчево, од синоќа по 19 часот, градот остана без струја, како и со многу пријавени штети кои санираа до доцна во ноќта. Од станбена зграда на кејот на реката Брегалница, во центарот на Делчево на улицата одлета ...
Град Скопје е подготвен за најавеното силно невреме Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје денес, како и секојдневно во континуитет, вршат интензивно расчистување на канализациската линија, шахтите и сливниците, со цел да се обезбеди непречено прифаќање и одведување на ...
Градоначалникот на општина Дојран во обајва на социјалните мрежи соопшти во невремето за среќа нема повредени лица и е предизвикана само материјална штета. Тој вели дека екипи веднаш излгле на терен се работи на расчистување на падантите дрвја и причинетите штети Силното невреме ...
Независен - Економија и Бизнис - Слободен Печат - Либертас - 24Инфо - Зелена берза
Низа пожари избувнале вчера како резултат на силниот ветер, а кај голем дел од нив директна причина било судирањето на соголени жици. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во кумановско Челопек е опожарена и една куќа.
Силен ветер попладнево го зафати Скопје. Иако траеше кратко, сепак успеа да направи штети. Во скопската населба Карпош 3, две огромни дрвја беа откорнати од корен по силниот удар на ветер, проследен со краток но интензивен дожд.