Египет е познат како „лулка на цивилизацијата“ и во неговите археолошки наоѓалишта се ископани дел од најголемите откритија и историски тајни за човештвото. Најновото откритие од дното на лулката е огромен саркофаг од црн гранит.
Во гробница во Александрија, Египет е откриен масивен црн саркофаг од гранит и скулптура од маж кој можеби бил закопан таму. Саркофагот изгледа навистина неверојатно. Долг е речиси 2,7 метри, широк 1,5 метри и длабок 1,8 метри.