Ампутираната душа не е човек што престанал да чувствува. Тоа е човек што престанал да го препознава другиот како човек. Бенита Белешкова Понекогаш мислам дека човештвото е најуспешната фабрика за ампутации во историјата. Не на раце и нозе. На души.
Добрината најчесто се препознава во мигот кога некој можел да помине покрај нас, а сепак застанал. Не мора да нѐ спаси, да ни го реши животот или да направи нешто што ќе се памети со години. Понекогаш е доволно да нѐ види. Да нѐ сослуша без да го сврти разговорот кон себе.