Шумските пожари продолжуваат да беснеат во повеќе делови од Европа, а пожарникарите се борат со големи огнени стихии во Белгија, Германија, Франција, Хрватска, Шпанија и Грција во услови на долготрајни горештини и суша, објави „Еуроњуз“.
Противпожарните тимови сè уште можат да го стават по контрола пожарот што од петокот бесне во паркот на природата Хохе Венен (Високи Мочуришта) во источна Белгија, близу границата со Германија, кој уништи над 3.600 хектари површина, јавија белгиските медиуми.
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од ...