Xiaomi е еден од најпознатите производители на смартфони во светот кој кога и да претстави нов уред, го привлекува вниманието на корисниците, како и на нас кои ви ги пренесуваме ваквите информации.
Кинеската компанија Xiaomi го претстави Mi Max 3, својот најнов и најголем паметен телефон, објави The Verge. Mi Max 3 доаѓа со огромен 6,9 инчен екран со Full HD+ резолуција и сега веќе стандардниот издолжен формат со сооднос од 18:9.
Денови пред официјалната премиера на Mi Max 3 на 19 јули, претседателот на Xiaomi, Лин Бин пушти на кинеската социјална мрежа Weibo официјални рендери на уредот, како и некои од неговите главни параметри.