Густиот чад што попладнево беше забележан над Скопје доаѓа од пожарот на планината Китка, на територијата на општините Студеничани и Зелениково. Од Центарот за управување со кризи информираат дека чадот бил пренесен од ветерот во правец кон Скопје, а во текот на денот на терен ...
Во текот на вчерашниот ден имавме најмалку 33 пожари на отворен простор. Најкомплексен и најтежок за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, рече директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
Зачаденоста на Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, во близинана селото Бојане, и од тетовска сега се префрла на скопска страна, потврди директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Тој со хеликоптер го надлета Водно и потврдува дека ништо не гори на планината до Скопје.
Пожарникари од Битола и Кочани денеска во раните утрински часови кај прилепското село Бонче воделе вистинска борба со пламени јазици високи до пет метри. Огнот, во еден момент, почнал да се движи со огромна брзина кон селото, а густиот чад ги принудил пожарникарите да ...
Особено тешка е состојбата кај Палиград, каде утринава интервенираат три „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Огнот се приближил на околу сто метри од последните куќи во селото. Осум пожари и натаму се активни низ Македонија, додека во изминатото деноноќие биле ...