По одлуката на Министерството за образование да го повлече предметот „Сеопфатно сексуално образование“, епископот Стобиски Јаков во авторски коментар се осврнува на реакциите што следеа во јавноста, но и на, како што оценува, сè поизразениот антицрковен наратив.
По вчерашното најавено повлекување на спорната наставна програма за сексуално образование и реакциите што следеа, со свој став се огласи и Тивериопол.мк, информативниот сајт на Струмичката епархија на МПЦ-ОА. Во реакцијата, објавена со благослов на епископот струмички Јаков, ...