Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски дојде до својот трет трофеј во кариерата. По трофеите во Хеаклон (Грција) и Монастир (Турција), Ивановски денеска го освои трофејот во Мадрид.
Калин Ивановски продолжува со својата сензационална 2022-ра година, која дефинитивно ќе ја памети и по добриот крај во кој успеа да се закити со третата титула во својата професионална кариера.
Браво Калин, браво МОМЧЕ МАКЕДОНЧЕ. Калин Ивановски го освои Мадрид, успеа да го победи во финалето Британецот Марк Вајтхаус со 2:0 во сетови и со тоа да го освои ИТФ фјучерсот во Мадрид. Калин немаше ама никакви проблеми на денешниот меч.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со 2-1 во сетови го победи Сидане Понтјодикромо од Холандија и се пласираше во финалето на ИТФ фјучрс турнирот во Мадрид. Мечот траеше речиси два часа.