Од опозициската партија велат дека Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски не презема доволно мерки за зголемување на платите, а наместо тоа најавува увоз на странски работници Вредноста на синидикалната минимална кошница, што ја пресметува ССМ, за октомври 2026 ...
Последните статистики на синдикатот покажуваат дека секој трет работник во Македонија живее со плата под прагот на сиромаштија. Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно.
Минималната плата не ги покрива ниту основните месечни потреби за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство. Само за храна и пијалаци во октомври на граѓаните им биле потребни 26.170 денари. Од јануари трошокот за храна и пијалаци пораснал за речиси 2.000 денари.