Селекцијата на Босна и Херцеговина останува на еден освоен бод на Светското првенство, откако загуби од Швајцарија со убедливи 4:1. Неверојатно е тоа што сите голови се случија во последните 15 минути од средбата. Швајцарците поведоа во 74. минута со голот на Манзанби .
Излегувањето на Един Џеко, паузата за хидратација и погодените измени како џокери од страна на швајцарскиот селектор Мурат Јакин, се покажаа како клучни во триумфот на Швајцарија над БиХ од 4-1, по што Швајцарците со 99,9 отсто сигурност ќе се пласираат во 16-финалето.
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва против Швајцарија ќе го игра еден од најважните натпревари на Светското првенство, а тренерот Миленко Бошњаковиќ смета дека клучна улога ќе има психолошкиот притисок под кој се наоѓаат Швајцарците по киксот против Катар.
Селекторот на швајцарската репрезентација Мурат Јакин се соочува со здравствени проблеми и од таа причина неизвесно е дали вечерва ќе биде на клупата на дуелот против Босна и Херцеговина. Според швајцарските медиуми Јакин не се чувствувал добро, не можел да спие и имал ...