Сезоната на летни одмори е во полн ек, а со неа доаѓаат и големите гужви на европските плажи. Поради притисокот од масовниот туризам и потребата да се заштити чувствителното крајбрежје, сè повеќе туристички дестинации воведуваат строги правила на однесување.
Школка, парче корал или шишенце со песок на многумина им изгледаат како безопасен спомен од летувањето. Меѓутоа, таков сувенир во некои држави може да заврши со одземање на предметот, парична казна, па дури и дополнителни проблеми на граница.