Цените на дизелот ги надминаа цените на горивото за авиони во Европа за прв пат по повеќе од една година, што се поврзува со војната во Иран, нападите со беспилотни летала врз руските рафинерии и руската забрана за извоз на нафтени производи.
Цената на литар дизел во Хрватска достигна 1,80 евра, што е највисоко ниво годинава и само незначително пониско од рекордните 1,85 евра од мај 2022 година. Поскапе и бензинот, за седум центи, додека дизелот е поскап за девет центи.