Ливерпул би можел да добие одлична можност за реализација на голем трансфер со Реал Мадрид, кој потенцијално би вклучувал и размена на фудбалери, пренесуваат англиските медиуми. Средниот ред на Црвените се очекува да претрпи нови промени во текот на следната година.
Ливерпул и Реал Мадрид би можеле да реализираат голема трансферна операција во која не е исклучена ниту размена на фудбалери. Во центарот на можните преговори се Едуардо Камавинга и Алексис Мекалистер, чие име сè почесто се поврзува со заминување од „Енфилд“.