Радомир Саичиќ, професор на Хемискиот факултет во Белград, член на Српската академија на науките и уметностите (САНУ) и претставник на „Студентската листа“, ги изнесе приоритетите на новата влада по изборната победа на студентското движење.
Студентската листа, која според објавените изборни резултати победи на предвремените парламентарни избори во Србија, најавува темелни промени во работењето на државните институции и отворање постапки за сите за кои ќе постојат докази за незаконско работење.
„Нашиот прв чекор по формирањето на Владата ќе биде воспоставување на владеење на правото, а оние за кои се зборува дека деновиве уништуваат документација во одредени институции – документација што претставува доказ за кривични дела – нема да поминат неказнето“, изјави проф.