ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ заеднички го блокираат носењето на новиот Изборен законик, оценувајќи дека причината е стравот од изборен пораз и обид однапред да си обезбедат оправдување за резултатите.
На неколку дена до крајниот рок за новиот Изборен законик, се поизвесно е дека нема да се изгласа. Нема поместување во ставовите на политичките партии. СДСМ останува на ставот да не се брза со новите начини на гласање на дијаспората и да се формира експертска група која ќе ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека СДСМ, Левица и ДУИ се согласни само во едно – да не биде донесен новиот Изборен законик. Според него, заеднички именител на трите опозициски партии е, како што рече, стравот од пораз на следните избори.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го прифати секое решение што ќе го усогласат опозициските партии – Демократската унија за интеграција (ДУИ), Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Левица, како и блокот на Зијадин Села и Арбен Таравари – без разлика, како што додаде, дали се ...