„Втора година по ред, учебниците за сите одделенија ги дочекаа учениците уште на првиот училиштен ден и за првпат по седум години, учениците повторно добија учебници по странски јазици“, велат од партијата Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ги презентира постигнатите ...
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со нивното доаѓање на власт образованието повторно станало еден од државните приоритети, посочувајќи дека е обезбеден редовен наставен процес, учебници за учениците, повисоки плати за наставниот кадар и инвестиции во образовната инфраструктура.
Образованието повторно е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По години на хаос, доцнења и неизвесност, денес системот функционира навремено и во интерес на учениците и наставниците, изјави Емилија Ангелова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.