Од Коачела на почетокот на 2010-тите до луксузните модни писти, „гладијаторките“ се повторно во центарот на вниманието. Овој впечатлив и донекаде контроверзен модел на обувки доживува модерна ренесанса, и еве зошто токму сега е вистинското време за нивното големо враќање.
Со бермуди, со мини здолниште, но и со капри панталони – со кои тренди летни парчиња можете да ги носите апостолките со мала штикла? Со години наназад, апостолките беа влечки кои обично ги носевме на плажа или до продавница.