Памела Андерсон беше меѓу најзабележителните гостинки на „Vogue World“ во Милано, каде што се појави во впечатлива металик креација на „Ferragamo“. Покрај необичниот фустан, вниманието го привлече и големата промена во нејзиниот изглед – по неколку години природни и речиси ...
Памела Андерсон се појави на настанот „Vogue World: Milan“ за време на Модната недела во Милано, со изглед каков што одамна не сме го виделе кај неа. Актерката ги изненади обожавателите одлучувајќи се за целосен гламурозен изглед, надополнет со впечатлива шминка.
Со години Памела Андерсон беше едно од најпрепознатливите лица на „no makeup“ движењето. На црвени теписи, модни ревии и свечени настани се појавуваше речиси без шминка, со свежа кожа и минималистички изглед кој стана нејзин нов beauty потпис.