Целта на овој проект е да се затвори целиот потег од зградата на Министерството за култура, па сè до крајот на улицата која е слепа и не излегува на булеварот „Партизански одреди“, и целиот овој простор да се пренамени во пешачка и резиденцијална зона за паркинг, со што право на ...
ПРОЕКТОТ ЗА ПЕШАЧКА ЗОНА ЗАГЛАВЕН МЕЃУ НАЈАВИТЕ И ДОЗВОЛИТЕ Во оваа населба во центарот на Скопје сега владее вистински хаос, посебно во вечерните часови, кога младите се во кафеаните познати по бројноста во овој дел на градот.
Скопско Дебар Маало не е затворено за коли, иако тоа го најавија во јуни лани од Општина Центар. И понатаму низ Дебар Маало навечер владее хаос, пешаците немаат каде да се движат оти тротоарите се узурпирани од летни тераси на кафеаните, а улиците од паркирани коли.