Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „И што сега“ на МРТ посочи дека СДСМ се обидува на шверцерски начин да протурка еден штетен закон за јавно обвинителство, но граѓаните се свесни за тоа и нема да дозволат.
Сето она што денес беше изнесено на јавната дебата како забелешка за законот за јавното обвинителство ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше одамна. Интересот за овој закон е непосредлив со интересот за било кој друг закон, а јавноста не можеше да слушне се.
Во емисијата „И што сега“ на МРТ, Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека срамота е СДСМ да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за неуспех за донесување на законот за јавно обвинителство. СДСМ е партијата која го менува во неколку наврати решението на текстот.