Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.
ОКТА воведува привремен попуст од два денара по литар дизел гориво, кој ќе важи од 20 октомври до 2 ноември 2026 година. Од компанијата информираат дека мерката е наменета за продажбата на дизел што го испорачуваат на трговците со горива на големо и мало.
КРИЗНАТА СОСТОЈБА ПРОДОЛЖЕНА ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ Бензините поевтинија за 2,50 денари, но дизелот поскапи за два денари од литар. Мицкоски најави дека се блиску до договор со трговците за уште два денари попуст за дизелот.
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека продолжуваат преговорите со снабдувачот „Окта“ за обезбедување дополнителен попуст на дизелот, со цел да се намали неговата цена. Мицкоски потврди дека преговорите се при крај и дека очекува договорот наскоро да биде финализиран.