TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

ВО ЕУ СЕ НАМАЛУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА КУПУВАЊЕ НА ДИЗЕЛ ВОЗИЛА, електричните автомобили ги надминаа бензинците

Економија и Бизнис - пред: 7 часа

Продажбата на нови патнички автомобили во Европската Унија се зголеми во септември за 9,3 проценти на годишно ниво на 971.048 возила, што е осмиот последователен месец на раст на европскиот пазар на автомобили, објави Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Кинескиот BYD ја престигна Tesla во продажбата на нови автомобили во ЕУ

Трн - пред: 7 часа

Податоците на ACEA покажуваат раст на кинескиот производител од 154,4 отсто во првите девет месеци, наспроти 68,9 отсто на американскиот ривал. Кинескиот производител на автомобили BYD го презеде водството пред американската компанија Tesla по бројот на нови регистрирани ...

Забрзува растот на продажбата на автомобили во Европа, кинеските марки освојуваат пазарен удел

Bloomberg Adria - пред: 12 часа

Растот на продажбата на автомобили во Европа забрза минатиот месец, продолжувајќи ја низата зголемувања годинава, додека купувачите се свртуваат кон електричните автомобили, а кинеските производители остваруваат голем дел од зголемувањето.

ПРЕСВРТНИЦА ЗА ЕВРОПА: Хибридните и електричните автомобили ги надминаа возилата на бензин, а уделот на дизелот падна на само 7%

Пари - пред: 6 часа

Продажбата на нови патнички автомобили во Европската Унија во септември порасна за 9,3 отсто во однос на истиот месец минатата година, достигнувајќи 971.048 возила. Според Европското здружение на производители на автомобили (ACEA), ова претставува осми последователен месец на ...

Во ЕУ се намалува интересот за купување дизел автомобили – електричните автомобили ги надминаа бензинците

Шеталиште - пред: 7 часа

Продажбата на нови патнички автомобили во Европската Унија се зголеми во септември за 9,3 проценти на годишно ниво на 971.048 возила, што е осмиот последователен месец на раст на европскиот пазар на автомобили, објави Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Европа и Кина се договорија

Авто Магазин - 21.10.2026

До наглиот скок на продажбата на вакви автомобили дојде како реакција од кинеските производители на наметнатите царини за електричните возила. Купувачите многу не се мислеа – веднаш го препознаа одличниот баланс меѓу технологиите, практичноста и цената.

Кои концерни продаваат најмногу возила на европскиот пазар

Automedia - 20.10.2026

Кинеските концерни достигнаа рекорден удел од близу 15 проценти на европскиот пазар. Додека новата автомобилска сила бележи силен раст, традиционалните производители се борат да ја одржат продажбата. Следи септемврискиот преглед на продажбата на автомобилските концерни во Европа.

Расте продажбата на малечки автомобили, се бара електричен погон

Automedia - 18.10.2026

Продажбата на малечки автомобили со електричен погон се зголеми повеќе од двојно во август, откако новите ИД Поло, Купра Равал и Нисан Микра придонесоа уделот на електрични модели во продажбата во класата да се зголеми на 21 проценти.

Рекорден прилив на кинески автомобили во Европа

Кајгана - пред: 22 часа

И покрај сè поголемите пречки што доаѓаат од Брисел, кинеските автомобилски брендови брзо го освојуваат европскиот пазар. Шест кинески компании веќе се наоѓаат меѓу 20-те најпродавани производители, при што Geely, BYD, Chery и SAIC имаат реални амбиции да влезат во првите десет.