Истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино продолжува, откако Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД ЕСМ против одлуката со која претходно беше запрена постапката против 13 физички и едно правно лице.
Надлежен јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје донесе Решение со кое го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против Наредбата за запирање на истрага за кривични дела – Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка ...
Истрагата поврзана со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино ќе продолжи, откако Вишото јавно обвинителство Скопје го уважи приговорот на АД Електрани на Северна Македонија против наредбата со која претходно беше запрена постапката.