Индексот на трошоците на животот во јули 2026 година во однос на јули 2025 година, бележи зголемување од 2,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека најновите податоци за инфлацијата се потврда дека економските политики што ги спроведува Владата даваат резултати и придонесуваат за стабилизирање на економските текови.