Русија би можела да изврши ограничен воен напад врз земја-членка на НАТО во наредните месеци, предупреди денеска данската воена разузнавачка служба, оценувајќи дека постои „мал, но растечки ризик“ од такво сценарио.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата има планови да одговори на саботажи и инциденти со беспилотни летала, откако данската разузнавачка служба предупреди за растечката руска хибридна кампања, пренесе Асошиејтед прес .
Рускиот претседател Владимир Путин станува сè понеодговорен, поопасен и понепристапен кон ризици, бидејќи неговата војна во Украина се интензивира и се обидува да ги подели западните сојузници, изјави во вторник заменик-командантот на НАТО во Европа.