Срната стара само два месеца, наречена Бамби , која минатата недела беше пронајдена во Кичевско со тешки повреди од нелегална стапица, засега нема да биде евтаназирана, информираат од Здружението за заштита на животни „Анимал рескју проект“.
Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој ја извадил од стапицата, но ја оставил да страда.