Европа истовремено развива дигитално евро и нова мрежа што ги поврзува националните системи за мобилни плаќања во 13 земји. Иако на прв поглед изгледаат слично, двата проекта имаат различна цел, но заедно треба да ја намалат зависноста на Европа од американските платежни гиганти.
Европа паралелно работи на два големи проекта што треба да го променат начинот на кој граѓаните плаќаат – дигиталното евро и заедничката мрежа за мобилни плаќања. Иако на прв поглед изгледаат како слични решенија, нивната намена е различна.
Европската централна банка на 5 ноември ја посочи Северна Македонија меѓу земјите од Западен Балкан што наскоро треба да воведат нова инфраструктура за брзи плаќања, развиена по моделот на европскиот систем TIPS.