Собранието ги донесе законите за судска служба и за јавнообвинителска служба, но без поддршка од опозициската СДСМ, која оцени дека предложените решенија не носат вистинска реформа во правосудниот систем. За двата закона се расправаше и гласаше одделно.
Собранието го усвои Законот за судска служба, кој претставува едно од клучните реформски законски решенија во правосудниот сектор и е усогласен со Реформската агенда и Развојната секторска стратегија за правосудство 2024–2028 година, соопшти Министерството за правда.
Според Министерството, новиот Закон за судска служба ги надминува долгогодишните слабости во функционирањето на судовите и создава услови за поефикасна организација на работата преку јасно дефинирање на статусот, правата и обврските на судските службеници.
Законот за судска служба е едно од најзначајните реформски законски решенија во областа на правосудството усогласен со реформската агенда, а со Законот за јавнообвинителска служба се прави значаен исчекор кон зајакнување на самостојноста, професионалноста и на ефикасноста на ...