Македонија не треба да биде само домаќин за туѓи сервери, туку треба да инвестира во сопствен, државен дата-центар со супер-компјутер. Така капацитетите за вештачка интелигенција ќе им служат на македонските граѓани, научници и домашниот ИТ сектор, изјави за Локално проф.
Македонија мора сериозно да размислува за развој на инфраструктура способна да ги поддржи современите дигитални технологии, особено во време кога вештачката интелигенција и големите јазични модели стануваат дел од секојдневното користење на интернетот.