Властите во Франција, Белгија и Холандија објавија податоци според кои најмалку 3.700 луѓе повеќе од вообичаеното починале за време на неодамнешниот бран на екстремна топлина што го зафати европскиот континент.
Француската министерка за здравство, Стефани Рис, денеска изјави дека за време на силниот топлотен бран што ја зафати земјата кон крајот на јуни биле регистрирани 2.025 дополнителни смртни случаи, предупредувајќи дека конечниот број на жртви би можел да биде уште поголем.
Топлотниот бран што ја зафати Белгија кон крајот на јуни доведе до пораст на смртноста за 39 отсто, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на податоци од Националниот кризен центар. Во периодот од 18 до 29 јуни се регистрирани 1.222 смртни случаи повеќе од вообичаеното, а ...
Германскиот државен Институт Роберт Кох денеска соопшти дека од почетокот на годината до топлотниот бран од крајот на јуни, од последица на топлото време починале повеќе од 800 луѓе. - До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа од топлото време, од кои 500 од нив биле над 85 години.