Google најави инвестиција од најмалку 13 милијарди евра во Финска во следните две години, со која ќе ја прошири инфраструктурата за вештачка интелигенција, дата-центри и чиста енергија. Ова е најголемата поединечна инвестиција на технолошкиот гигант во Европа досега.
„Гугл“ објави дека во текот на следните две години ќе инвестира најмалку 13 милијарди евра во Финска во проекти за дигитална инфраструктура, вклучувајќи и центри за податоци за поддршка на моделите со вештачка интелигенција, пренесе „ Дојче веле “.
Најавената инвестиција во Финска е најголемата поединечна инвестиција на Google во Европа досега, а главните цели се проширување на дигиталната инфраструктура на еколошки начин и стимулирање на економскиот раст.